УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО, СО ЉУБОВ И НАСМЕВКА

ОУ Добре Јованоски

porakaУчениците од ОУ Добре Јованоски, со пораката Училиште без насилство, со љубов и насмевка, посакувајќи им среќен почеток на сите деца, ја стартуваа учебната година. Предводени од наставничката Каролина Јованоска и целиот стручен актив на одделенска настава, со  пароли и “картонски смајли”, првин парадираа на камената бина, а потоа пораката ја прошетаа низ градот, марширајќи до училиштето. Се надеваат дека оваа мисла ќе ги следи цела учебна година и ќе им помогне да одговорат на предизвиците што ги наметнува учењето, да стекнат нови знаења и да нижат успеси на ѓерданот од напредок и светла иднина. На топол пречек наидоа и во училиштето. Секој ученик, за среќа, се провнуваше низ венче, рачно изработено од вредните детски рачиња.  

Loading