ИЛЈАДНИЦИ СЛИКИ ЗА 82 ДЕНА БЕЗ УЧИЛИШТЕ

Некои жалаат, а некои се радуваат

Кога ќе се спомне “Како го поминав летниот распуст”, низ главата поминуваат 1000 слики од 82 безгрижни денови, исполнети со шетање, уживање и одмарање, без обврски за учење и рано будење наутро. Секое лето е посебна приказна – за децата заслужен одмор од соништата, а за семејството совршена шанса за семејно единство. Зенитпетковци не го забораваат распустот што мина. Пресни се импресиите, кога исчезна звукот на училишното ѕвонче и кога се  слушна пак за старт на учебната година.

Во меѓувреме што се случи?

1. Tamara 'brknala' odmor vo GrcijaДеветтоодделенката Тамара Мирческа од ОУ “Добре Јованоски” раскажа дека била во Грција, кажуваше за прошетките, за тренинзите во одбојка, но и за читањето книги.    

– Кога беше премногу жешко ги прочитав книгите Првата љубов во розевата улица, Девојки под притисок, Тајниот дневник на Адријан Мол. Август беше исполнет со топката и одбојка на Могила. Незаборавно беше и на детскиот јуппи камп меѓу Криопги и Калитеа, оти бев првпат без родителите. Секој ден имавме разни активности, одење на плажа, другарување, танцување во диско, што седумте дена одлетаа како птица. Нé водеше лидер – наставник, со кој комунициравме на англиски. Се спријателив со многу деца од разни држави – вели Мирческа со надеж дека ги наполнила батериите и ќе реди петки и во новата учебна година.

 

 

 

 

 

 

2. Stefan naucil da vozi avtomobil Седмоодделенецот Стефан Слабиѓорески од ОУ “Гоце Делчев”, летово научил да вози автомобил.    

– Летото го доживувам како да излезеш од затвор, распуст слобода, да се изнаспиеш. Секој ден играв фудбал со другарите, играв на компјутер, им помагав на родителите низ домашните активности… Се усовршив да возам автомобил и мотор. Одвај чекам да пораснам, да полагам за возачка дозвола и да возам секој ден. Бев во Мариово на поседок и во зоолошката градина во Скопје. Во неколкуте дена на одмор, уживав во пливањето и се исончав. Летото ќе го паметам и по еден немил настан кога ја удрив ногата со тесла – додава  Слабиѓорески.

3. Ana Marija srekna e sto naucila da pliva Научила да плива летово петтодделенката Ана Марија Ристеска.

– Бев во Црна Гора, Албанија и Дојран со родителите. Немаше ден да не се скараме со братучеда ми. Тоа беше забавно. Конечно, се пуштив во морето и научив да пливам и да нуркам. Ги прочитав сите лектири, како Пајажината на Климентина, Гоце Делчев, Златното фенерче на летото, Итар Пејо. Излегував почесто и одев на базен – вели Ристеска.

 

 

 

 

 

4. Ilija uzival vo morskite branoviВо исчекување на нови другарчиња и “втрчување” во училиштето како втор дом, првачето Илија Петрески собирал сили покрај морските бранови.

– Последното безгрижно лето го поминав покрај грчкото море. Многу пливав и се сончав да се спремам за прво одделение – додава Петрески.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

5. Na Iva letoto i donese srekni migovi za pametenjeПеттоодделенката Ива Митревска од ОУ “Рампо Левката” е среќна што се враќа во училишните клупи. Но не го заборава распустот.

– Во лето спијам до доцна, си играм до бескрај, без да мислам дека имам нешто за учење. Во Грција на одмор уживав, пливајќи, но бркав ќеф во “прошетките по водата” и морските бранови. Со другарките одевме в парк. Најдов време да прочитам неколку лектири. Во паузите гледав филмови – вели Митревска.

 

  

 

 

  

 

 

6. Simona se 'zbogati' so nov prijatelПо дружбите со Жаре Димитриоски од “Еден на еден” ќе го памти летото седмоодделенката Симона Велеска од ОУ “Климент Охридски”.

– Бев на одмор, каде пливав, се сончав и уживав. Имав многу време за дружење и прошетки со другарките. Пивофест беше најдоброто нешто, оти го запознав Жаре, кој секогаш одвојуваше време да ги забавува децата – додава Велеска.

 

7. David vooduseven e od GermanijaТретоодделенецот Давид Трајковски од ОУ “Блаже Конески” воодушевен е од летањето со авион.

– Првпат ја посетив и се “возев” во авион за Германија. Се воодушевив од зоолошката градина во Штудгард. Прошетавме низ повеќе градови со сестричките и со мајка ми. Се забавував и пливав на одмор во Грција. Бев неколкупати во посета на баба ми и дедо ми во Охрид. Ги прочитав и лектирите. Во Прилеп го користев слободното време за дружење и уживање, без обврски за час, за брзање за на училиште – вели Трајковски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

И за средношколците милина е летото.

8. Raznoviden raspustot bil na Leona– Сé што е убаво кратко трае. Распустот брзо мина, исполнет со многу музика, излегување, дружење и добри книги. Не се жалам. Бев на неколку кампувања со драмското студио, снимив неколку емисии, прочитав неколку романи на Александра Потер. Најмногу ми се допадна “Повикај го Ромео” – вели Леона Митревска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

9. Dino uzival vo ulogata na izvidnik– Несекојдневен распуст имав како извидник. Бев на повеќе акции, од кои и на една интернационална. Стекнав нови пријателства, се натпреварувавме, спиевме во шатори, седевме покрај логорскиот оган. Се дружевме и забавувавме – кажува Дино Релушкоски.

  

 

10. Elena gi 'otkriva' ubavinite na prirodata– Позитивно расположение владееше цело лето. Открив многу историски содржини, приказни и легенди за локалитетите низ татковинава низ дружење со блиските. Покрај плажите, како личност со авантуристички дух, посетив прекрасни манастирски комплекси, планински предели, градови, позначајни локалитети, излетнички места, некои и првпат. На неколку денови “скокнав” во Грција и во Албанија. Поминав незаборавно, посетувајќи музеи, цркви, паркови и ресторани. Се препуштив и на дружење со верните другарки на базен. Имавме и прошетки кај роднини, шопинг, гледање филмови, спортување и слушање музика. Не заборавив дека “дома си е дома”. Последните недели од август ги минав со родителите, читајќи книги, спремајќи се за новата скала во образованието, за која долго ги одбројував и деновите – вели Елена Ангелеска која верува дека ако летниот распуст убаво го распоредиш и организираш, секој ќе го памти цел живот.

Одморени и полни со енергија, основците и средношколците веќе се втурнаа во трката за нови знаења. 

Loading