СИТЕ ПОСАКУВАМЕ ВАКВА ПУБЛИКА

Гоце Седлоски

sedoloskiПо речиси шест години во Прилеп на тест меч со Победа гостуваше шампионот Вардар. Предводен беше од тренерот, прилепчанецот, Гоце Седлоски, кој на теренот од стадионот “Гоце Делчев” се појави по долга пауза од 2011 година, кога беше асистент на селекторот Тошак.

Пред 3.000 гледачи Победа солидна, а Вардар победи со 0-3?

– Добро беше, можам да кажам и одлично. Супер е амбиентот. Честитки за Победа и за добрата игра на двата тима. Се играше чисто, без некоја агресија, внимателно да нема повреди. Штета што домашниот стопер се повреди сам, но таков е фудбалот. Крајно фер и коректен меч. Се надевам на добри резултати на двете страни.

Соработката Победа – Вардар?

– Баравме противник и се одлучивме за Победа, клуб кој играше долго време во Првата лига и остави неизбришлив печат. На добар пат е да се врати на старите позиции. И од Вардар секогаш се бараат врвни резултати. Можен е скорешен реванш во Скопје.

Тргнавте добро есенва во лигата?

– Четири победи и реми. Секој меч е важен. На ред е дуелот со Турново. Имаме доста репрезентативци за Македонија и Ерменија, за Млада селекција. Чекам да се комплетираме и да се посветиме на очекувањата  во првенството, а тоа е борбата за титулата.

Прилепскиот тим?

– Сите посакуваме ваква публика, атмосфера. Првпат ја видов екипата. Навраќам во Прилеп, но немам време да ја гледам Победа, поради обврски. Ќе се оствари набргу големата желба за прволигашко враќање.

Сеќавања за Победа?

– Убаво време, незаборавна атмосфера. Тренери беа Георгиев, Димоски… Резултатите беа добри. Од 1996 г. заминав во Хајдук Сплит и ја започнав кариерата во странство – рече Гоце Седлоски.

Loading