КАТА ТИМОТ ПОЗЛАТЕН ВО ИСТАНБУЛ

Карате

roninНема кој да го сопре женскиот ката тим од КК Ронин, Мишела и Маријана Димоски со Пулексенија Јованоска. На Светската карате 1 Премиер лига за сениорки во Истанбул постигнаа историски успех за Македонија. Први се кои освоија сениорски златен медал и први кои стигнаа до злато во најголемиот турски град. Највисоко на пиедесталот се искачија преку победите над Иран и Турција. Носителките на светска бронза од Иран беа совладани со максимални 5-0, а во финалето со 3-2 беше поразен домашниот тим на Турција.

Близначките се покажаа и поединечно. Мишела освои сребро, низ победите над Русинка, Турчинка и втора претставничка на Египет, а во истата категорија бронзата í припадна на Маријана. Таа за влез во финалето загуби тесно со 2-3 од репрезентативка на Египет.

Одлични се резултатите, а формата се одржува на највисоко ниво пред Светското јуниорско првенство во Џакарта во ноември, каде близначките, покрај поединечно, ќе настапат како ката тим со Киријана Камческа.

Loading