ТРИ ДЕНА ТУРНИР “МИЛЕ НЕШКОСКИ”

Ракомет

Pelister-PrilepРакометниот клуб Прилеп оддава почит на легендарниот долгогодишен незаменлив бек, потоа и тренер Миле Нешкоски. Во негов спомен е ракометниот турнир кој од петок до недела ќе се одржи во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Пред почетокот е положувањето на свежо цвеќе на споменикот кај Универзалната сала, а потоа од 17 и 19 часот на програмата се по два дуела дневно. Учесниците се сите суперлигаши.

Радовиш, кој лани беше петтопласиран, засилен е со нов тренер, поранешниот женски селектор Владимир Глигоров. Задржан е речиси целиот играчки кадар од минатата сезона. Последниот тест беше против силниот Макс Струмица. Седмопласираната екипа на Охрид е позната како “тврд орев”, кога во Прилеп зеде бод, а во Охрид загуби. Летово има нови играчи од Србија, Хрватска и Франција. Пелистер, осмопласираниот од лани, најави поголеми амбиции за засилувања со странци. Тренерот Игор Николовски го проба тимот на пријателскиот дуел дома со Прилеп, каде секој тим имаше по едно полувреме.

Навивачите најмногу се интересираат за својот Прилеп, да ги видат на дело новите, голманот Раичиќ, крилото Турченко, бековите Шаренац и Андреиќ. Тренерот Томче Петрески ја подигнува формата на екипата до 19 септември, кога во стартното суперлигашко коло е дербито дома со Пелистер.

Домаќинот подготви пехар, дипломи и медали за најдобрите екипи, како и за најистакнатите поединци: голман, стрелец и играч.

Распоред

Петок

Пелистер – Охрид

Прилеп – Радовиш

Сабота

Радовиш – Пелистер

Прилеп – Охрид

Недела

Радовиш – Охрид

Прилеп – Пелистер

 

Loading