ЕУФОРИЈА ЗА НОВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН

Пред први септември

– Дотерани со нова гардероба, опремени со нов училишен прибор и торби за на рамо во пречек на новата учебна година

Септември отсекогаш се поврзува со првото училишно ѕвонче, брзањето на првачињата кон училишниот двор, радоста на децата за првата средба со учителките како втори мајки и училиштето како втор дом. Низ чаршијата се осеќа еуфоријата за стартот на новата учебна година. Низ плочникот одекнува детскиот џагор на радост и возбуда. Гласни се разговорите на родителите каков ранец да се купи, за изборот на тетратки, моливи, ќесиња… Времињата се менуват, но не се менуваат сликите на родители со деца во шопинг за почетокот на трката за знаење. Многу се натоварени и мајките и татковците со ќеси полни со училишен прибор. Бликаат насмеани лица на деца со штотуку купените ранци на рамо. Сето тоа потсетува дека доаѓа новата учебна година, дека август е при крај и дека со нетрпение се очекува седнувањето во клупите и откривањето на нови светови. Но, и дека завршува летото исполнето со безгрижни игри и претстои време за домашни задачи, средби со другарчињата и подавање рака за нови пријателства, размена на летните спомени и авантури…

Првиот септемвриски ден за родителите не е само радост, туку и празнење на ќесето.

Четвроодделенецот Кристијан Узуноски од ОУ “Кочо Рацин”, целиот радосен, кажува дека со нетрпение очекува да влезе во училиштето, оти таму го чекаат многу другарчиња. Вети дека ќе реди петки.

1Синот е добар ученик. Се радува на почетокот на учебната година, а и ние. Има и возбуда и трошоци, оти се купува по нешто. Пријатно е чувството да се има ученик дома. Олеснато е што книгите се добиваат бесплатно. Одбрано е гајлето и со униформите. Не се оптоваруваме и со нова облека. Ниту за ранец, оти го купивме лани. Потребни се уште тетратки, моливи и желба за учење – вели Анета Узуноска.

 

 

 

 

3Миле, таткото на две близначиња, го чекаат двојни давачки. Возбудата спласнала, оти сефте во училишните клупи направиле лани.

Се спремаме полека, полека. Возбуда нема, оти втора година е. Трошоци плус, посебно кога се двајца ученици. Но, тоа што мора, мора. Има ќеф во купувањето ќесиња, пенкала, моливи. Нужни се нови патики и облека, покрај униформите. Сé да е ново – додава таткото Миле.

  

 

 

 

2halevВо семејството Халеви ѕвони аларм за стартот на новата учебна година. Еуфоријата на третоодделенецот Славчо од подрачното ОУ “Блаже Конески” ја кренало цела фамилија на нозе.

– Синот се радува. Не издржува да се сретне со другарчињата. Му помагаме, заедно учиме и повторуваме. Платите се мали, но за децата не се штеди. Сé да е најубаво. Покрај малите, и возрасните сме возбудени, цело семејство. Бараме чанта по дуќани. Потребни се и нови алишта, патики и пантолони. Синот сака да биде најсреќен кога ќе тргне на училиште – кажува Моника Халева.

 

 

4Иако децата на Соња се поголеми, не негираат дека септември им е празник на душата и причина повеќе да се подноват со ранец и останатиот прибор.

Имаше повеќе возбуда додека децата беа помали. Ќерката е прва година, а синот шесто одделение. Септември стана месец за трошење, оти сите сакаме децата да ги облечеме и опремиме. Не мора секоја година да се купуваат нови ранци, ако старите се здрави. Сега дури ни иди да речеме, “Ах, не, први септември” – вели Соња.

 

 

5Николина Јанкоска како низ магла се сеќава кога таа била прваче. Но, тука е помалата ќерка да ја потсети на радост на септември, окупирајќи í го вниманието со трчкање по првачето. 

– Одвај се сеќавам кога бев прваче. Интересно ми беше. Помалата е прваче и сите околу неа трчкаме. Ќеф í е. Како што се радува, сите се радуваме. Поголемата сака нова чанта, ако е осмо одделение. Ден за радост и празнење на џебот. Две дечиња, повеќе трошоци – додава Николина Јанкоска.

 

 

 

 

6Илија Лучески, татко на поголеми ученици, не се меша во изборот на нов прибор. Но, не го крие задоволството со кое го заразиле Дејан и Павлинче.

– Пораснаа децата. Синот е петто, а ќерката осмо одделение. Ама да се спомне септември, веднаш рипаат: “Ајде тато да купиме  вакви, такви тетратки”. Посебно се радува ќерката, која со нетрпение сака да оди на училиште. Не им се мешам во шопингот. Им давам пари, и после со трчање се фалат што купиле – додава Лучески. 

 

 

 

 

7Ланската учебна година била посебна приказна за второодделенецот Борјан Петрески. Ниту годинава, не остава да не се стрча кон училишниот двор, подновен под конец.

– Синот е второ. И ние се радуваме. Добро е децата да учат и да се образуваат. Сакаме сé да биде оригинал. Кога ние учевме, беше различно. Во поинакво време растевме, бевме поскромни, гледавме да бидеме сите исти, а сега во сé да бидеме први – вели Менче Петреска.

Можеби времињата се менуваат, но не гасне септемвриската еуфорија. 

Loading