НОВИ ПОДОВИ, ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ

Во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”

Старите дотраени подови, после две децении се менуваат во СОУ “Ристе Ристески Ричко”. Вложувањето на ЛС е 1,2 милиони денари. Ќе се постават и нови врати на училниците.

– Ќе продолжи промената на подовите и на вториот кат и на приземјето да се подобрат условите во училиштето. Со Владата успеавме да вложиме преку милион евра во претходниот период  да се изгради спортската сала, да се смени дограмата, котларницата и системот за парно греење. Не е тоа крај на инвестициите. Продолжуваме со приоритетите – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Досега се променети подовите на првиот кат.

– Откако ќе се сменат сите подови, ќе се заменат и вратите. Планирана е реконструкција на санитарните јазли. Тоа ќе оди во континуитет, според средствата што ќе ги добиваме. Училиштето е оптоварено со ученици. Покрај редовните има и вондредни ученици. Тука е образованието на возрасни кое го користат за вработување во новите индустриски погони што се градат во општинава – вели Жарко Темелкоски, директор на СОУ “Ристе Ристески Ричко”. 

Претходно училиштето доби нова спортска сала, се смени дограмата, со што објектот ја подобри енергетската ефикасност.    Локалната самоуправа нема да застане со инвестиции и во основните и во средните училишта. Училишните тимови со ЛС прават нови проекти за аплицирања за средства не само од буџетот, туку и од фондови и донации. 

Loading