БАЛОН САЛА ВО ОУ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ”

Во новата учебна година

tocilaНа почетокот од учебната година, учениците од ОУ “Блаже Конески” ќе бидат дочекани во подобри услови за учење. Се менуваат подните површини на приземјето, привршува реконструкцијата на санитарните јазли, а на задоволство на учениците и спортските ентузијасти, напредува монтажниот објект за балон спортска сала, инвестиција на Тони Наумоски. 

– Покрај децата за физичко воспитување, сите ентузијасти во градов ќе ги користат новите услови. Стигна уште една балон сала, овојпат од братскиот град Лозана од Швајцарија, кој донираше во повеќе наврати. Се очекуваат тендерите за подготвување на подлогата врз која, до крајот на годината, ќе биде подигната и салата во дворното место на  ОУ “Гоце Делчев” – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Приватната инвестиција изнесува околу 130 000 евра.

– Балон салата ќе биде со вештачка трева и учениците ќе може да ја користат за фудбал, а возрасните за рекреација. Како поранешен спортист и фудбалер, најавував проект, чиј простор се овозможи со помош на ЛС и директорката на училиштето. Објектот, кој му недостигаше на градот, е при крај и се надевам дека за еден месец ќе биде пуштен во употреба за радост на сите – вели Тони Наумоски.

Во летниот период, интензивно се изведуваа инфраструктурни зафати во ОУ “Блаже Конески” со сопствени средства и со средства од ЛС.

– Подготвени сме. На учениците им посакувам добредојде на 1 септември во нова трка за знаење и успех – вели Марија Дулевска, директор на ОУ “Блаже Конески”.

Со завршувањето на деталниот урбанистички план ќе се уреди комплетно дворното место на подрачното училиште во Варош, училишната зграда е комплетно реконструирана. 

Loading