Нови бекови и турнир

Ракомет

AndreicЛетово, на задоволство на ракометните љубители, многу новости доаѓаат од суперлигашот Прилеп. Веќе допатуваа бековите, Босанецот Горан Шаренац (Спачва Винковци) и Србинот Владица Андреиќ (Напредак Крушевац). Двајцата се тука десетина дена. Покрај тренинзите, одиграа контролни мечеви со битолскиот Работник.

–  Дојдов по препорака на голманот Раичиќ. Ми кажа убави работи за клубот. Одлично сум примен. Играчкиот кадар е квалитетен. Немаме левучар, но ќе надополниме ние шест – седум бекови. Градот и публиката даваат поддршка. Тоа е најдоброто за еден тим – смета Андреиќ.

Втората новост е меѓународниот турнир, според поранешниот “Гана – Мери”. Се организира во чест и сеќавање на легендарниот ракометар и тренер Миле Нешкоски. Три дена по два меча се предвидени од 28 до 30 август во салата на СОУ “Р. Р. Ричко”. Поканети за учество се странските шампиони Беса Пеќ (Косово), Дијамидис Аргус (Грција), Пелистер и Прилеп.

– Квалитетен и полезен турнир. Низ мечевите ќе се видат сите слабости и предности подготвени да влеземе во првенството – рече Рубин Седлоски, секретар на Прилеп.

Loading