НОВО РУВО ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА

“Железничката станица ќе биде целосно обновена до крајот на годината”.

vozovoОва го соопшти премиерот Никола Груевски. Се реконструираат и железничките во Велес и Скопје.

– Другите станици на Коридорот 10  ќе почнат да се обновуваат и треба да бидат готови до 2016 година – изјави Груевски, кој, заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, направи увид на реконструкцијата на железничката станица во Прилеп.

Премиерот е задоволен од интензитетот на работите на станицата, која е дел од големата инвестиција од 2,5 милиони евра за реновирање речиси на сите железнички станици на коридорот 10.

– Ова е прва темелна реконструкција. Станиците не се обновувани откако се градени. Прилепската датира од 1931 година – рече Груевски.

Во тек е набавката на нови композиции и вагони за патничкиот сообраќај. Веќе се набавени и 150 вагони за товарниот сообраќај. Во длабока завршна фаза е реконструкцијата на пругата на Коридорот 10. Патничките вагони треба да стигнат до јануари наредната година. Со овие зафати во трите клучни сегменти во железничкиот сообраќај, граѓаните повеќе ќе го користат и ќе патуваат поудобно. Железничкиот сообраќај е исклучително значаен и за нашите граѓани и за оние кои транзитираат низ Македонија – нагласи Груевски.

АВТО ТРАСИ ВО ТРИ ПРАВЦИ

Со полна пареа се градат три автопати со ангажман на  2.220 работници.

– Имаме добар прогрес кај градбата на автопатите. На Скопје – Штип пробиено е 90 отсто од трасата, кај автопатот Демир Капија – Смоквица 57 отсто, а на автопатот Кичево – Охрид пробиено е 37 отсто од трасата – изјави премиерот Груевски.

Градбата на автопатите е важна компонента за домашната економија преку ангажманот на локалните компании подизведувачи. Ќе бидат силна развојна компонента кога ќе се завршат.

СПАС ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Трајно ќе се решен проблемот на земјоделци околу пензискиот стаж, плаќан по законите од 1978 до 1988 година. Ќе бидат издвоени 32 милиони денари за пензии секој година.

– На наредната седница на Владата ќе биде предложен закон да се реши проблемот – рече премиерот Груевски.

Тој посочи дека во наредните 10 дена очекува законот да биде поставен и на собраниска седница и на тој начин трајно да се реши проблемот.

Со измените на законот ќе се признае стажот на земјоделци што ќе биде од особена корист за сите оние на кои им се потребни години за остварување на правото на пензија.

Loading