Матурантите ги фрлија капите

gimНа свечена церемонија им беа доделени дипломите на матурантите од средните училишта Гимназијата “Мирче Ацев”, “Кузман Јосифоски – Питу”, “Орде Чопела”, “Ѓорче Петров” и “Ристе Ристески Ричко” од генерацијата 2011-2015.

ordeНатокмени во свечени одори, со насмевка на лицето, ги стискаа дипломите в раце како нешто највредно. А со фрлање на капите во воздух ја заокружија четиригодишната турнеја од нивното школување, каде од средношколските клупи, израснаа во зрели личности, подготвени за жнеење нови знаења.

pituРодителите, професорите и директорите кои четирите години верно ги следеа постигнувањата, со гордост ги поздравија и им посакаа успех и во понатамошната едукација во високо образовните институции. Матурантите, кои достојно ќе го претставуваат градот каде и да одат, ветија дека на секои 5, 10, па и 50 години редовно ќе се среќаваат да се потсетат на најубавите години од животот.   

Loading