Букети за карпалачките жртви

najbliskiСо стотици цветови во букети се закити плочата на паднатите десетмина прилепчани на Карплак. Солзите на блиските не се запираа, спомените за опасноста по животот се враќаа кај соборците, наведнатите лица на сограѓаните изразија почит на своите бранители, кои го дадоа животот на браникот на татковината пред 14 години. Бројни делегации се поклонија на жртвите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и на Пеце Секулоски.

Присуствуваа делегации од кабинетот на претседателот на Македонија, од АРМ и од Генералштабот, од Владата предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски, од градот предводена од градоначалникот Марјан Ристески, од здруженија, партии и делегации на граѓани.

Loading