Продолжува асфалтирањето на малкуте улици без модерна покривка. Без кал и прашина веќе се краковите од улиците “Петта Прилепска” и “Крушевска”. Граѓаните се среќни, оти ќе можат лесно да дојдат до домовите и пешки и со автомобилите. Ќе ги заборават нервозите поради вировите со кал или прашините, бидејќи ќе им се олесни одвивањето на сообраќајот. Улицата никогаш не била асфалтирана, а се користи 40 години.
Паралелно се работи на неколку други локации за подобрување на патната инфраструктура..
![]()

