Знаме со 16 крако сонце во музејот во Гетеборг

Ziva istorija za seloto Marul - Tome VeljanovskiМакедонското знаме со 16 крако сонце го краси спортскиот музеј во шведскиот град Гетеборг уште од 1997 година. Не е големо, туку закачено на мал јарбол и стои на видно место. Тоа е подарок на Томе Велјановски, од село Марул, кој живее 40 години во Шведска.

Тоа не е ништо необично за шведската култура, која ги негува подароците на своите граѓани, без разлика на верската или националната припадност и потекло. Но, асоцијацијата на грчките доселеници преку некои нивни членови усно побарала да се отстрани знамето, бидејќи сметале дека е грчки симбол, а не како што пишувало  македонски. Управата на музејот го одбила барањето, бидејќи во правилниците на организацијата стоело дека подароците можат да се извадат и да не претставуваат експонати на музејската поставка, ако побара иклучиво донаторот. Така знамето со 16 крако сонце уште се вее во музејот во Гетеборг и претставува обележје на македонската древна историја. Покрај знамето, и во публикацијата на музејот е запишано дека знамето е подарок на Македонецот Томе Велјановски.

Во писмото до Зенит, тој пишува дека знамето го подарил пред речиси 20 години преку соодветната процедура, пропишана во правилниците на музејот, по објаснување на нашинецот Ѓоре Соколов, вработен во музејот.

– Како пријатели со исти македонски идеи, Соколов ме покани да го посетам музејот. Уште во разговорот прашав дали е можно да се подари некој наш македонски спомен на музејот. Одбрав да биде знамето со 16 крако сонце од Кутлеш на Филип и Александар Македонски. На директорот на музејот му ја пренесов накусо вистината за големиот војсководец, кој го покори половина свет пред околу 2300 години, му ги кажав фактите за потеклото на Александар Велики и тој респектирајќи ги аргументите со задоволство прифати знамето да стане дел од музејските подароци и експонати. Сегашните реакции на посетителите со грчки корени веќе се одбиени, бидејќи подароците можат да се повлечат назад и да се извадат само со дозвола на донаторите и никој друг. Така им било објаснето на грчките посетители кои сметале дека знамето е грчко обележје. Како и да е, тоа ќе стои во музејот додека не побарам, а јас тоа никогаш нема да го направам, зашто тоа е печат, белег, бајрак под кој гинеле многу древни Македонци при освојувањето на Стара Грција, средниот Исток до Персија… – кажува Велјановски, додавајќи нема да побара никогаш да се извади дека и вечно ќе стои во музејските простории. Дури ќе остави аманет на неговите потомци да ја почитуваат неговата волја.

Впрочем дека знамето е важен сведок на македонштината, како што вели Велјановски, потврдува и публикацијата на музејот во која точно стои содржината на донацијата, дарителот со адреса и датумот на подарувањето.

Loading