ПЕЛИСТЕР Е ТЕСТ ЗА ПРВЕНСТВОТО

11 Октомври

Екипата на 11 Октомври во вторникот ги забрза тренинзите за претстојното третолигашко првенство. Тренерот Дејан Кулески го има комплетниот играчки кадар од лани, а можни се и нови фудбалери. Претстои доволно време до стартот. Со добри подготовки на тимот, се очекува солидна игра и видна улога во првенството. Нема сигурно да биде запоставен и дуелот од Купот в четврток, дома, со второлигашот Пелистер. Мечот е добар тест во низата до најзначајните пресметки за бодови.

Третолигашкото првенство стартува кон крајот на август.

Loading