ПОКРИВ ЗА ПОВЕЌЕДЕТНИ СЕМЕЈСТВА

При крај изградбата на социјалните станови

I parterno ke se uredi socijalnata zgrada vo TocilaСамохрани мајки, дел од социјалните семејства, некои многудетни семејства и лицата со посебни потреби наскоро ќе имаат можност да добијат покрив над главата. Социјалната зграда во населбата Точила со 76 станови за семејства од ранливите категории, е при крај со изградбата. Таа беше голема потреба за градот. Преку министерството за транспорт и врски, ќе биде објавен огласот на кој ќе аплицираат сите оние кои ги исполнуваат критериумите, односно се деца без родители, социјално загрозени семејства, семејства во кои има лица со посебни потребни или пак семејства со повеќе деца.

– Изборот е по електронски пат, а на крајот од конкурсот на 76 фамилии ќе им се овозможи покрив над главата. Локалната самоуправа понатаму ќе пристапи кон уредување на простор во Точила 2, односно мала реконструкција на зелените површини, на канделабрите, пешачките патеки и целата населба ќе добие нов лик – вели градоначалникот Марјан Ристески. 

Ќе се вдомат ранливите семејства во зграда што е направена според сите норми, со енергетска заштита, со лифтови, со опремени санитарни јазли. Втората зграда, што ќе биде готова за кратко време и ќе се пушта во употреба, е наменета за социјалните случаи.

Владата ќе определи уште една локација за социјална зграда до крајот на годинава, а в година да се вселат уште повеќе семејства кои сами не можат да дојдат до сопствен дом.

Корисниците на општествени или социјални станови, редовно треба да ја плаќаат киријата, оти со тоа овозможуваат АД за изградба на станбен и деловен простор да гради нови станови и да вдомува други корисници без решено станбено прашање 

Површината на која се протега објектот е 3.220 м2. Средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, Владата и АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Со реализацијата на овој проект се отвора можност повеќе прилепчани да го решат станбениот проблем. Ова е дел од владината програма за изградба на станови за социјално ранливите категории, зашто интенцијата е секое семејство да има можност да дојде до покрив над главата.

Loading