КОЛЕКТОРСКИ ЦЕВКИ В КОРИТО

Проектот за пречистителната станица се реализира

– Во полн ек се активностите на реконструкцијата на канализациониот систем во должина од 27 км., финансиран од ЕУ и Владата

Koritoto ke se cisti u ke ureduva hortiiklulturnoСе поставува колекторската канализација од двете страни на градската река како дел од проектот за реконструкција на канализационата мрежа и изградбата на пречистителната станица. Потоа речното корито целосно ќе се исчисти и хортикултурно ќе се уреди. Во полн ек се и градежните зафати за реконструкција на канализациониот систем во должина од 27 км., финансиран од ЕУ и Владата.

– Се изведува колекторска канализација од двете страни на речното корито на Градската река. Тоа го искористивме, да ги замолиме изведувачите да го исчистат наталожениот слој во коритото кое подолго време не е уредено – вели Саше Николоски, директор на ЈП Водовод и канализација (ВиК).

Поголем дел од улиците беа раскопани со проектот за рехабилитација на канализационата мрежа и изградбата на пречистителна станица што го спроведува министерството за животна средина и министерството за финансии.

– Како краен корисник во проектот учествува ВиК. Санирани се поголемиот дел од раскопаните улици. Останати се одредени делници кои ќе се завршат во иднина. Завршени се ул. “Цар Самоил”, “19 септември”, “Димо Наредникот”. Она што го баравме од изведувачите, веќе е санирано. Се асфалтира ровот на ул. “11 октомври”. Останува одреден проблем во улиците “Тризла”, “Драган Димески”, “Блаже Темелкоски”, а асфалтирањето е континуирано – додава Николоски.

Во колекторскиот систем на речното корито ќе се прима отпадната вода, со што водата во градската река ќе биде комплетно чиста.

Za cista reka se stavaat cevki vo sirokoto  korito– Со реконструкцијата и поставувањето на колекторски системи во должина по 3,5 – 4 км. по должината на реката, ќе се овозможи реконструкција на коритото, односно порамнување на појасот покрај реката, озеленување и правење на одредени забавни и рекреативни површини кои ќе ја зголемат актрактивноста на централното градско подрачје – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Со проектот за изградба на пречистителната станица, Прилеп долгорочно го решава водоснабдувањето и прочистувањето на отпадните води за зачувувањето на животната средина.  

ВОДА НА ПРЕТЕК

Во услови на високи температури, потрошувачката на вода е зголемена, а ВиК успева да испорача доволна микробиолошка и хемиски чиста вода до секој потрошувач.

– Мали проблеми се јавија во повисоките делови на градов, во Варош. Делот кој гравитира на улицата “Борка Лопач” и околните улици во одредени периоди од денот, имаше пад на притисокот, поради зголемената потрошувачка во Точила. Проблемот е од техничка природа за чие отстранување е потребна испорака на вентил и време. Им се извинуваме на граѓаните за проблемот кој очекува да се реши – вели Сашо Николоски, директор на ЈП “ВиК”.

Потрошувачката е зголемена за околу 30 отсто. Градот се снабдува исклучиво со регионалниот водовод Студенчица и од старите градски извори. 

Loading