Збогум за Јанчуле

ИН МЕМОРИАМ

janculeПочина музичкиот педагог Илија Јанчулески – Јанчуле (1938-2015), кој со неговите многубројни дела остави длабоки траги во културно – уметничкиот живот на градов.

Животот го посвети на музиката, работејќи како музички педагог од 1958/59 година до крајот на 2001 година, кога се пензионира во ОМУ “Ордан Михајлоски – Оцка”. Наставник по музика беше и во основни и во средни училишта. Во 1995 година стана член и стручен соработник на “Октет Прилеп”, како и на многу други музички групи кои учествуваа на културно-уметничките манифестации. Препознатлив беше со диригентската палка на градскиот дувачки оркестар, кој го водеше до карневалот Прочка годинава. Го формира Градскиот црковен хор.

Одикуван е со награди, признанија, дипломи, благодарници. За значајниот придонес во културно – уметничкиот живот, градот му се оддолжи, доделувајќи му ја третоноемвриската награда во 2008 година.

Прилеп ќе го памети  како истакнат музички педагог.

Loading