,,Момент на впечатоци“ е изложбата на 20 фотографии од новинарот Каролина Мицевска отворена синоќа во Домот на културата на Крушевското културно лето. Мицевска се претставува со дел од циклусот на кој работи од 2007 година. Пренесени се впечатоци од природните убавини на Македонија, Крушево, но и од Русија.
Досега изложувала во родниот град, во Гевгелија, Радовиш и во Неготино.