Се копа на Таламбасица во Мариово

Екипа на Заводот и Музеј водена од Александар Миткоски, почна археолошки истраги на локалитетот Таламбасица кај Крушевица, во Мариово. Се копа првпат, јужно од локалитетот Трештена стена. На јужниот дел се наоѓа тумул кој е еден од подобро зачуваните од засега познатите 60 – тина гробови на подрачјето на Мариово.

– Тумулот е во кружна форма. Делумно е разголен оградниот ѕид. Изграден е од крупни камени блокови. Има покрупен аморфен камен. Има и траги од диво копање – вели Миткоски.

Истражувањето се прави да се зачува движниот наод и да се појасни сликата за начинот на погребувањето, распоредот на гробовите, погребните ритуали, половата диференцијација, повеќекратното погребување во еден гроб, полагањето на погребните дарови, оставањето на прилозите надвор од гробовите…

Проектот го следи Министерството за култура. 

Loading