Вицешампиони

Атлетика

AtletikaГрадов имаше двајца млади вицешампиони на Државното првенство во атлетика за сениори. Леонид Вандевски, со 15 години, од Академик Џамбазовски за малку ќе беше победник меѓу највозрасните на патеката од 1500 метри. Сите ги остави зад себе, освен четири години постариот Пепи Анакиев (Делта Скопје). И овојпат одличен беше 20 годишниот Илија Пајмакоски (Делта) на трката од 5000 метри. Беше најблиску до фаворитот и 13 години постариот Кокан Ајановски (Работнички Скопје). Пајмакоски е второпласиран.

Loading