Понуда за селектори на Србија

Борење

Markovski i Ignatovski so boraci i kolegi vo SuboticaБорењето со резултати се повеќе се наметнува како успешен спорт во градов, а стручњаците кои раководат со него се признати надвор од границите на земјава. Тренерите од БК 7 Мај Леов, Илчо Марковски и Саше Игњатовски по седумдневни тренинзи како инструктори на ФИЛА во Суботица, од тамошната федерација добиле понуда да бидат селектор и прв тренер на кадетско – младинската репрезентација на Србија.

– Бевме шокирани, ни требаше време за одговор со оглед на примамливите услови. Ги одбивме затоа што не се работи само да се прифати важна функција, туку нужна е посветеност. За добри меѓународни резултати треба работа од 160 до 270 денови во годината за подготовки. Толку време не се издвојува поради професионалните обврски – вели Игњатовски.

Клубот се подготвуваат за двојна организација. Од 14 до 21 август е првиот меѓународен камп во градов со 20 учесници од три клуба Раднички Сомбор – Србија, Абони Унгарија и домаќинот 7 Мај Леов. Потоа, на 22 август, е еднодневниот турнир, каде се придодаваат борачи од Призрен – Косово и Петрич – Бугарија. Вкупно  80 учесници.

Loading