Светска бронза за Маријана

Карате

Besprekorna izvedba - Marijana DimoskaБлизначките од КК Ронин не сопираат со одличните резултати. Најдобри се на најтешките натпреварувања затоа што за големите спортисти предизвик се врвните настани. На Светскиот куп во Умаг, Хрватска, Маријана Димоска имаше скор од четири победи против Канада, Шведска, Хрватска и Австрија, а во полуфинале загуби од Словенија. Медалот е четврт на овие купови, втора бронза, покрај злато и сребро. Сестра í Мишела за малку не зеде медал. Го освои четвртото место. Во дуелот за бронза, загуби од Италија. Таа има три медали досега – сребро и две бронзи. Вреден беше и настапот на Киријана Камческа. Имаше пропуст. Поради непоклонување на судиите, í следеше дисквалификација. Таа останува со трите медали – бронза и две сребра.

Крајната цел оваа сезона е Светското во Џакарта, Индонезија.

Loading