Треба уште голман и стопер

Фудбал: Победа е во втората фаза од подготовките

Hrabro ja cuva mrezata - Gjorgji JovanoskiПобеда донесе седум нови фудбалери, бековите Талески и Котески, за врска Дунимаглоски и Петрески, напаѓачите Николоски, Гешоски и Цонев. Тука не се затвора списокот на тренерот Дарко Крстески. Најверојатно ќе се ангажира уште голман и стопер. Засега на голманската позиција се младиот Јованоски (19) и премладиот Котевски (15). Во стоперската линија се Ф. Мирчески, Велјаноски, Милошески и Колевски, кој се реши да остане, а конкурира и за лев бек. Заминати се сметаат само Апостоловски, Митревски и Ацески.

Пријателскиот меч (0-1) дома со прволигашот Младост Царев Двор и покрај негативниот резултат покажа дека екипата рамноправно се носи со силен ривал. Сите играчи кои добија шанса покажаа голема желба и вложија труд. Исходот можеше да биде поповолен ако се искористеше барем една од шансите. Од друга страна, беше примен евтин гол при долга, високо нафрлена топка. Играчите од двата тима можеа течно да комбинираат, оти на располагање имаа прекрасен терен, каков одамна не бил на стадионот “Гоце Делчев”.

Веќе четврт ден 24 првотимци и уште толку од младинската екипа се на десетдневни подготовки во Банско, Бугарија. Таму има одлични услови. Планирано е секој втор ден да се одигруваат контролни дуели. Првиот беше со домашниот второлигаш Банско, а договорен е и тест со Пирин во Разлог. Победа од најдобрите прволигашки години, не се подготвувала во странство. Престојот говори за сериозноста кон амбициите за враќање на старите патеки. 

Loading