Ризница во розов камен

– Таканаречениот златен туристички триаголник на Јордан го сочинуваат природното и со човечка рака направено чудо од Петра, колоритната пустина Вади Рам и коралниот гребен Акаба

1. Turisticki raj e AkabaКога во 1965 година, Хусеин, кралот на Јордан, со Саудиска Арабија заменил 6000 км2 на пустината на Јордан за 12 километри на крајбрежјето јужно од Акаба, освен простор за проширување на единственото пристаниште, Јордан добила излез на величествениот корален гребен Јаманиех. Тогаш не постоел туризмот. Значењето на оваа трампа за туризмот во Јордан доаѓа дури 35 години подоцна, кога е основана специјалната економска зона Акаба. Од тогаш во Акаба забрзано се гради. Од 2001, инвестирано е над 20 милијарди долари.

Акаба е модерен град, но неговата историја води длабоко во минатото. И пред пет ипол илјади години имал важна улога поради својата положба на спој на копнените и поморските патишта, кои ги поврзуваат Азија, Африка и Европа. Трговските патишта го врзувале Акаба со јужна Арабија и Јемен. Набатејците, вешти трговци, ги привлекла трговско стратешката положба. Римјаните својот барабан Виа Нова Триана го граделе од Дамаск на југ до Акаба. Во добата на исламот, од 7 век, низ Акаба минале големи династии. Во 12 век градот го освоил големиот муслимански војсководец Саладин.

Возбудливо откритие

Не толку одамна, археолозите во Акаба ископале остатоци кои се мисли дека се од најстара црква на светот. Возбудливото откритие со димензии 26х16 метри е од доцниот трети век, нешто постар од црквата на Христовиот гроб. Посетителите не доаѓаат само поради историјата, туку поради преубавото Црвено море. Долж крајбрежјето никнуваат хотели. Брзо се полнат оние 12 километри кон границата со Саудиска Арабија, кои ги добил кралот Хусеин. На малиот аеродром последните години слетуваат многу авиони. Покрај тоа што е прекрасно место за одмор со сончево време, Акаба е база од која може да се разгледаат многу интересни места во јужен Јордан. Тоа е  интеграција на природното со направеното чудо со човечка рака Петра, розевата пустина Вади Рам и коралниот гребен Акаба.  

Петра е фасцинација

Иако за Петра има многу напишано, секоја средба со фантастичниот набатејски град е ново доживување. Таа е светско чудо, највредното добро и најголемата туристичка атракција на Јордан. Населен уште од праисториското време, овој единствен град сместен меѓу Црвеното и Мртвото Море, делумно го изградиле, а делумно го врежале во стените, Набетејците, семитски народ кој стигнал на Арабијскиот полуостров и се населил на ова подрачје пред повеќе од илјада години. Благодарение на трговските вештини, Петра станала важен каравански центар на патишта за свила и зачини кои ги поврзувале Кина, Индија и јужна Арабија со Египет, Сирија, Грција и Рим. Денес е еден од најпознатите археолошки локалитети каде старата источна традиција е блиска со хеленската архитектура.

2. Voshituva PetraПетра не е само монументален споменик вклештен во карпи. Не е мистерија на славното Набатејско царство. Таа е магија, оти уште е жива. Таа е единствената колизија на историјата и луѓето кои денес живеат.  Во градот се влегува низ Сик, тесен кањон, нешто подолг од еден километар, кој со двете страни е навален кон неверојатни вертикални стени високи над 80 метри. Околу ризницата чекаат бедуини кои нудат превоз со камили, коњи и магариња. Не е мака пешачењето и уживањето во спомениците. Шетањето низ Сик е доживување. Боите и облиците на карпите го одземаат здивот, предизвикувајќи чувство на стравопочитување и воодушевување кон споменикот. Посебно кон цивилизацијата и луѓето кои ја изградиле Петра. Кога речиси ќе се стигне до излезот од кањонот, се покажува најпознатата и најсликаната фасада на Петра – Казнех или Ризница. Се гледаат чудата меѓу карпите. Масовната фасада, 30х43 метри, вајана во розев камен, е градена во првиот век како гробница за битен набатејски крал. Оттука почнува шетањето низ градот. На врвот на ридот, чиј пат е стрмен и макотрпен, глетките се прекрасни. Таму се наоѓа жртвеникот каде Набатејците принесувале жртви на своите богови. Петра ја нарекуваат и изгубениот град. Покрај нејзината големина и значење, после 14 век била сосема загубена. Сместена во тешко пристапни ридови, за неа знаеле само бедуините. Ја чувале тајната, бидејќи верувале дека се крие огромно богатство на фараоните, кое, ако го најделе, не сакале со никого да го делат. Петра повторно ја открил швајцарскиот патник Лудвиг Буркхард во 1812 година. Го пробил патот покрај опасните бедуински стражи, преправајќи се дека е Арапин од Индија, тргнат да принесе жртва на гробот на пророкот Арон. УНЕСКО во 1985 година ја вбројува во Светско културно наследство, а холивудска промоција градот имал во 1989 година во филмот “Индијана Џонс: последната крстоносна војна”. Стивен Спилберг и Харисон Форд придонесле за светската популаризација, исто колку и нејзиното прогласување за светско чудо во 2007 година.

Пустински пејзаж од црвенкаст песок

За Вади Рам има малку информации. Многу туристи едвај да знаат дека е место за посета и дека е многу убаво. Изненадувањето е поголемо и не изостанува воодушевувањето,  од планинската пустина, која ја делат 70 километри од Акаба. Автопатот води надолу, оти пустината од 720 км2 се наоѓа на 900 метри надморска височина. Огромните ридови од песок и гранит минуваат 1.700 метри. Џебел Рам со своите 1.754 метри долго време бил сметан за највисок врв во Јордан. “Титулата” ја презел Џебел Ум Адами (1832м) на југ од земјата. Само една третина од пустините во светот ги сочинуваат песочните, а две третини се планиски и висорамнински пустини. Географијата ја дефинира пустината како подрачје со помалку од 250 мм. дожд годишно. Таа има низа долини на насоката север-југ. Долината нуди пустински пејзаж од црвенкаст песок, камења и стрмни вертикални ридови, еродирани во мек песок последните 50 милиони години. Ниските клисури, стануваат дел длабоко во ридот. Многу од нив чуваат цртежи и знаци кои луѓето ги врежувале во камен низ милениумите.

3. Neotkrienata ubavina na pustinata Vadi RamБедуинските племиња и денес ја населуваат Вади Рам. Големи темни шатори се дел од пејзажот. Бедуинките ги ткаат овие “куќи од влакна”. Ткаенината од козји влакна се собира кога ќе се накваси, па во зима шаторот дава подобра заштита поради густото ткаење. Кога е суво, ткаенината се опушта и изгледа како да е со дупчиња и воздухот лесно струи. Живеат седум племиња на бедуини, номади кои се само седум отсто од жителите на Јордан. Племињата организираат тури со џипови или камиони низ пустината. Во Вади Рам живеат околу 5000 луѓе, кои се горди на бедуинските корени. Гостопримливи се и не треба да се пропушти посетата на некој од нивните шатори. Кафето со кардамон е знак за добредојде. На гостите им се служи во филџани и се пие во една голтка. Гостите се почестуваат уште со еден филџан кафе, а ако прифатат и трет, стануваат член на семејството. Гостинот се прима во шаторот, ако дошол да разговара за работа. Домаќините и гостите може да излезат од шаторот со перница и чај или кафе да разговараат надвор. Најголем грев е кавга со некој внатре во шаторот. Тоа се финесите на комплицираниот бедуински бонтон. Прекршоците се простуваат за гостите.

Пустината Вади Рам понекогаш ја нарекуваат Месечева долина. Позната е и како пустината Лоренс од Арабија. Престојувале емирот Фаисал бин Хусеин и британскиот офицер Лоренс, познат и како Лоренс од Арабија, во текот на арапските буни против Отоманското царство за време на Првата светска војна. Приказните се одамна вткаени во локалниот фолклор.

До Петра и до Вади Рам од Акаба се стигнува лесно. Близината на двете туристички атракции придонесува за популарноста на Акаба како дестинација за летување. Излети може да се прават и до главниот град Аман, до Мртвото Море, до градот – мозаик Мадаба и до планината Небо од каде Мојсије ја гледал ветената земја, па и до Ерусалим. 

Loading