Две ликовни доживувања во една вечер

ЦК ,,Марко Цепенков“

Aleksandar Gorgiev prvpat so izlozba pred sograganiteЉубителите на ликовната уметност вечерва ќе имаат две доживувања. Најпрво во 20 часот во ликовниот салон е отворањето на изложбата на 20 фотографии “Анаграми за себепрепознавање” од Александар Ѓорѓиев, а од 20:30ч. во галеријата е претставувањето на делата од Здружението на копаничарите на Македонија.

Ѓорѓиев работи во Министерството за култура. Имал повеќе изложби, учествувал во проекти, работел на публикации, монографии и на филм. Првпат изложува во родниот град.

– Предмет се фрагменти од црква или манастир, мотив од некоја икона или мозаик, комбинирајќи ги со различни симулирани потези на четка, кои на делата им даваат одмерена сугестија и надреалност. Ова е една техничка и естетска фотоартистичка изведба – вели д-р Владимир Величковски.

Во галеријата ќе бидат претставени 36 копаничарски творби од 18 автори од Прилеп, Битола, Кичево, Скопје, меѓу кои и на нашите Никола Топчиоски, Стеван Боцески и Ристо Тошевски.

Здружението на копаничари на Македонија постои од 1993 година и брои над 200 членови.

Loading