Манастирскиот рај на платно

Осма колонија Дрен

Umenticki sobir vo DrenВо манастирот Св. Илија во селото Дрен е живо. Низ песните на птиците разговараат уметници низ дворот. Точно 12 сликари од земјава и од Србија, Русија и од Турција ќе создаваат дела инспирирани од природата на осмата колонија Дрен, организирана од ЦК “Марко Цепенков”. Распослани платна и штафелаи пречекуваат во рајскиот Дрен. Клокоти уметнички жар, а сликарите ги пренесуваат своите импресии на платната.

– Природата е преубава. Местото е создадено за колонија – вели Мирјана Бубевска од Битола.

– Првпат сум овде и воодушевен сум. Се разликува со вриеж од енергијата. Ќе создадам ликовна приказна што е дел од вашата традиција, за историјата за Крали Марко – вели Сречко Здравковиќ од Србија.

Impresiite gi ponesuvaat umetnicite– Македонија е сончева земја. Воодушевена сум од љубезноста на луѓето, од топлиот пречек. Овие впечатоци со четка и бои ќе ги ставам на платното – вели Марија М. Крившинко, која првпат доаѓа во Македонија.

– Третпат сум на колонија во Македонија, но овде како природата да не штедела дарови – изјави Емине Токмакаја од Турција.

Директорот на Центарот Тони Чатлески е горд што за колонијата Дрен надалеку се слуша и што таа стана ликовен бренд во Македонија.        Делата што се создаваат, ќе бидат изложени на 4 септември, на завршницата на годинашното Прилепско културно лето. 

Loading