Лучески пребрз за конкурентите

Велосипедизам

Luceski na tronot2Велосипедската трка “Трофеј Димитрија Чуповски” донесе нова радост за клубот Илинден и тренерот Драган Димитријоски. Во кадетската категорија, Кирил Лучески прв мина низ целта и ги оправда очекувањата, базирани на претходните успеси. Беше убедлив што далеку ги остави конкурентите. Помладите клупски другари Ангел Рајчиноски и Зоран Петроски имале дефекти и не ја извозиле докрај патеката од Велес – Богомила – Папрадиште од 55 километри. Најтешко било на последната делница со 20 отсто нагорнина, што влегува во собирање на искуство за велосипедистите.

Loading