Пивска пена за ѓумбуш

Atktiven e i godinava pivskiot velosipedГрадот на тутунот до недела станува европска престолнина на пивото на 13-тото издание на Пивофест. Веќе се фатени криглите со слатко горчливата пена в раце. Не се пуштаат, туку се тестираат разно разните пивски вкусови со традиционалното мезе – ќебапи на жар, подготвени од вешти мајстори. И старо и младо, од земјава и од странство, четири дена е во Прилеп на пиво и го окупира центарот во слава на пивото. Локалните власти најавуваат 350 илјади мераклии на пиво и забава да ја поделат меѓусебе позитивната енергија со песните на атрактивните балкански ѕвезди. Годинешните забавувачи ветуваат долги ноќи полни со возбуди.

Прилепчанецот Илија Стефаноски го организира одморот од Австралија со терминот на Пиво фестот да ужива во пивската сласт. Тој минува незаборавни мигови во татковината што му држат “влага” преку океанот. Петре Иваноски доаѓа од Германија секоја година кога се празнува пивото во Прилеп, бидејќи гледа многу насмени лица. И Митре Стојаноски слетува во Македонија од Америка за да дојди дома и да густира пиво со пријателите во пријатна атмосфера.

Сместувачките објекти веќе се полни, а нема место ниту во приватниот сектор.

Камп на Могила

За посетителите со авантуристички дух е обезбеден бесплатен кампинг на Паркот на револуцијата. Домаќините наутро ќе ги послужат камперите со чорба и топло кафе. Обезбедени се и санитарни и хигиенски услови.    

Кампингот ќе биде отворен до 19 јули.

Доволно паркинзи

Секторот за паркинзи при ЈП ПУП обезбеди повеќе од 20 илјади паркинг места. Бидејќи се очекуваат многу возила, на располагање ќе бидат и дворовите на училиштата, тротоарите од улиците, по средина на улиците. Во функција ќе биде и катната гаража. Наплатата ќе биде на влезот од Скопје кај Солидност, на влезот од Битола, кај Чумовчани, на влезот од Крушево, кај поранешна пожарна, на влезот од Македонски брод, кај Тутунскиот комбинат.                  

Граѓаните да се воздржат од користење на возилата и да ги остават паркинзите за гостите од другите градови.

Програма

Четврток: Слаткаристика, Љубојна, Саша Ковачевиќ,

Петок: Радио актив, ЗАА, ДНК, Прљаво Казалиште

Сабота: Наум Петрески, Неда Украден, Оливер Драгоевиќ

Недела: Ален Хасановиќ, Гоца Тржан, Дино Мерлин

Loading