Ноќница

Се заколна. Никогаш повторно в постела нема да биде негова. Но, не и таа ноќ. Пак се измами дека е последно. Како и она последно заедничко утро во неговите прегратки, низ неговите одаи, во неговата постела, крај неговото тело.

Трепереше како пубертетлија. Како првпат да ја минуваат ноќта заедно. Имаше куси изливи од време на време, но беа моментни празнења со ладни емоции. Никогаш не остана крај него в постела после тоа последно заедничко утро. Но, не и таа ноќ. Се инаетеше дека никогаш повеќе нема да го пречекори прагот од неговата куќа. Особено, не доцна во ноќта. Го одложуваше мигот, но не можеше да оди против срцето. Не дека не се обиде да го избрише од мислите, но уште не беше измислен лек за оваа нејзина “болест”. Ја пречека со кафе, по нејзин мерак. Студено и без млеко. Се насмевна оти покажа внимателност. Гестот í се виде романтичен. Не знаеш што í е помило -кафето со него или постелата со него. Срамежливо ја навре ноќницата, невино посматрајќи дали со поглед и жед ја ѕирка, додека голото тело само со розеви гаќички и градник го покрива свиленкастата ноќница. Уживаше да го предизвикува, макар и со поглед, да му ја подгрева фантазијата, да ги разгорува искрите. Се пикна во постелата, положувајќи го телото крај неговото. Му го сврте грбот, посакувајќи му добра ноќ, а телото í гореше да ја допре. Како да í ги читаше мислите. Дланката, како и секогаш, се најде врз нејзиното тело. Сакаше да заспие, држејќи ја, на негов својствен начин да изрази желба или некој облик на нежност. Трепереа двајцата. Знаеа што може да се случи кога двајца ќе се најдат во иста постела. Упорно одложуваа, правејќи се имуни еден на друг.

Не за долго. Неочекувано, ја зеде в прегратки, цврсто потпирајќи ја на своите гради. Ü беше чудно. Цврсто припиена, знаеше дека не може да заспие во толку топлина. Ја помилува по косата, неколкупати нежно бакнувајќи ја на челото. И ја зари главата во вратот, кратко допирајќи í ги усните, додека ја боцкаше со брадата. Ü ги разгоре сите сетила. Суптилен бакнеж на вратот ја крена до небо.

“Ааахх, не ја знаеш моќта”, низ глава í помина.

“Не можам да те сакам. Тоа е сé. Тоа е одговорот кој цело време го бараш од мене на прашањето зошто”

Подголтна, небаре кнедла í се запна во грлото, а очите í добија стаклен сјај. Не веруваше на тоа што го слушаше од човекот кој го љубеше повеќе од било што. Знаеше дека не ја сака на начин како што таа посакуваше, но се надеваше дека има некоја тронка љубов кон неа. Горделиво, небаре í е сеедно, само изговори “Во ред. Сега барем ми е јасно. Но, не можеш да ја мериш љубовта. Ако е така, никој нема да ме сака, на начин на кој што јас би сакала. Ни ти, ни било кој друг.” Нејзината љубов беше безвременска, без рок на траење, вечна, најсилна, посилна можеби и не постоеше. Такви се поетите, тие љубат со цело срце и душа. Таква беше и таа. Толку беше задлабочена во мислите што не сети во кој миг неговото тело се најде врз нејзиното, страсно милувајќи ја. Со усните ги побара нејзините. Возврати, целата треперејќи. Продолжи благо и нежно да се спушта по нејзиното тело. Од усните, помина по вратот, па запре на градите. Во нежен стисок со усните ги зграпчи брадавиците, полека спуштајќи се по нејзиното тело во близина на центарот на сите страсти. Трепереше, невидено трепереше. Беше сосема обично милување, но ја вивна, страшно го посакуваше да го има. “Сигурна си?”, пак беше џенталмен. Со усните ги побара неговите, страсно бакнувајќи го. Ноќницата слета на подот. И розевите гаќички, и розевиот градник се придружи. И неговата бела маица и црните боксерки. И толку. Експлодира вулканот, ерупцијата í распрснуваше по целото тело со секој нареден допир, милување, страсно и нежно во исто време. За само неколку секунди го почувствува врвот. Не í требаше многу, само неколку движења. Беше поинакво. Поексплозивно. Со сите емоции. Секој пат беше поразлично. Но овојпат беше посебно. Можеби дека навистина е последно. Уживаше толку многу, што телото ја болеше од уживање. Сите трпки í вивнаа. Екстаза. Се прашуваше дали е можно толку да í биде убаво, дали е можно толку да може да ужива во него, со него, до него, крај него. Насмевката низ воздишките сама од себе í излета и прошепоти “Како да се откажам од најслаткото нешто, од вакво задоволство. Само твоите допири тоа го можат. Само љубовта кон тебе тоа може да ми го даде”. Го милуваше со сета сила, додека вакви мисли í прелетуваа низ главата. Не можеше да си објасни што се случуваше кога беше со него. Телото танцуваше на ритамот од воздишки и милувања, толку природно, толку фабулозно во исто време. Толку беа усогласени, што во ист такт воздивнуваа, сé пострасно бакнувајќи се. Толку навикнала на него, што ја препознаваше секоја негова следна реакција, секое движење, до таа мера, што веќе í осетуваше кога тој ќе го достигне врвот. Беше посебно внимателен ноќва. Ја љубеше како вистински, како д анема утре. Најдобро што умееше. Ја љубеше, уживајќи најдобро што умееше.

После “напорната битка”, повторно мирни како војници ги испружија телата еден крај друг. Сé понатаму беше инакво. И галењето додека лежеа в прегратки. И муабетите. Разговараа како стари љубовници. За други љубови, негови и нејзини. За други постели. Се смееа, како никогаш до тогаш. Се однесуваа природно, како да се најсреќни. И беа. Очите í искреа од бескрајна среќа. Беше негова уште еднаш. Заедно, испреплетени во прегратка, го дочекаа утрото во постела со сонцето. Наѕре нов ден на  нова среќа. Иако само сон во иста постела сакаа да видат. А не уште една ноќ заедно да минат. Се смееше повеќе во неговата прегратка. Се смееше и тој, гледајќи í го сјајот на очите. Беа среќни, пресреќни. Како стари љубовџии кои зората ја дочекуваат в постела, милувајќи се. Блескаше сета што уште една ноќ беше негова, зашто гледаше дека и тој овојпат блескаше. Не мислеа што ќе биде утре. Се препуштаа на мигот на среќата.. Битно í беше дека беше негова. Си придаде уште една ноќ да го љуби и да биде љубена. Не í беше битно дали и утре ќе биде среќна. Сега беше пресреќна.

Дојде крајот на ноќта. Мораше да побегне од неговата постела, оставајќи се себе си без заедничкото кафе, додека новиот ден со сонце ги пречекуваше. Брзаше да не ја расипе бескрајната среќа. Остана нејзината ноќница на неговата постела, да го потсети дека таа ноќта му наврати, дека не беше сон, дека навистина уште една ноќ ја љубеше. Ноќницата барем да му биде при рака, кога утре неа ќе ја нема.  

Loading