Осло од самоиловата ќерка Ословјана

Ziva istorija za seloto Marul - Tome VeljanovskiЛегенда од времето на крстоносните војни за една девојка од самоиловото потомство – како норвешкиот град Кристијанија, во нејзина чест бил прекрстен во Осло.

Кога биле крстоносните војни, христијаните го бранеле гробот на Исус Христос од налетот на исламските освојувачи. Сите европски држави под католицизмот давале голема воена помош за бранење на Христовиот гроб, додека источното византиско царство со седиште во Константинопол било пасивно и одбивало да дава воена помош за одбрана. Затоа дошло до поделба меѓу западното и источното христијанско царство во 1054 година. И со таа поделба, источното византиско царство го платило цехот со окупација со продорот на Отоманската турска империја. Западното католичко царство ни со прст не мрднало да ги брани своите источни христијани, браќа, додека не дошла турската опасност до Виена.

Меѓу западните европски рицари, коњаници за бранење на гробот на Исус Христос, имало и некој голем норвешки војсководач. Тој висок офицер, случајно отишол во Костантинопол и навратил во византискиот затвор. Таму нашол убава млада девојка по име Ословјана, од потомството на Цар Самоил. Таа била осудена. Норвешкиот голем офицер, коњаник, рицар, се заљубил во убавата девојка. За пари ја откупил нејзината слобода од византискиот затвор во Константинопол. Ја однесол дома во Норвешка и се оженил. Во чест на неговата жена Ословјана, го прекрстил тогашниот норвешки град Кристијанија во Ословјанија – денешен Осло, главен град на Норвешка. Во нејзина чест, го зел амблемот од цар Самоил, лавот и алово-жолтото знаме, кое и ден денес е кралската круна во Норвешка.

Оваа легенда ја кажувал Норвежанец, додека се работело на  руската платформа во бродоградилиштето во Гетеборг – Шведска во 1987 година.

Томе Велјановски, Гетеборг, Шведска

Loading