ЗБОГУМ ЗА АКВАРЕЛИСТОТ

Ilija KavkaleskiИН МЕМОРИАМ

Почина уметникот Илија Кавкалески (1932 – 2015), мајсторот на акварелот. Зад себе остави богатство, не само како сликарски дела, туку и како творештво на конзерватор на фрески и икони, бидејќи работеше во Завод за заштита на спомениците на културата. Кавкалески образованието го стекнал на Академијата за применети уметности во Белград, оддел сликарство во 1957 година. Работел во нашиот Завод и Музеј. Кариерата ја продолжи во Скопје. Бил доцент на ФЛУ по насоките конзервација и реставрација. 

Беше неуморен сликар со вонреден дар. Во нашиот неделник велеше дека акварелите се убавина.

– Никогаш не го заборавив родниот град. Постојано го сликам во  акварелите прилепскиот пејзаж, оти градот зрачи со топлина што ми предизвикува да го сликам постојано – изјави тогаш Кавкалески, кому родниот град му се оддолжи пред две години со доделувањето на признанието  плакета Трети ноември за особен придонес во развојот на културата, особено на ликовната уметност.

Loading