Гран при за КУД ,,Гоце Делчев,, од Битола

Mladite ja prodolzuvaat tradicijataСо доделувањето на наградите на Рудина кај Долнени заврши 41. Фестивал на народни инструменти и песни ,,Пеце Атанасовски“. КУД ,,Гоце Делчев“ од Битола ја понесе наградата за најдобар учесник на годинашниов фестивал. Гајдата на Пеце Атанасовски што ја доделува општина Долнени ја доби Драган Трифуновиќ, гајдаџија од Јагодина, Србија.

Најуспешен беше оркестарот на народни инструменти ,,Меден кавал“ од Прилеп.

Годинава на Фестивалот, кој го следеше и претседателот Ѓорге Иванов, учествуваа околу 300 учесници од Македонија, Србија и од Русија.

Loading