Уметници од Македонија, Србија, САД, Грција

I makedonski i stranski tvorci na umetnickoto letoЦСЛУ го возобнови Прилепското уметничко лето со стартот на 58. Интернационална сликарска колонија, 52. Интернационален скулпторски симпозиум ,,Мермер“, 44. интернационално студио за пластика во дрво,  31. Интернационално ателје за скулптура во метал и новата работилница, Интернационално студио за уметничка фотографија. На манифестациите ќе творат 20 уметници, 13 сликари, тројца скулптори во мермер, еден скулптор во дрво, еден во метал и две учеснички во студиото за уметничка фотографија, меѓу кои најбројни се сликарите од градот – Васил Костов, Александар Џинго, Верче Николоска, Драган Вергоски Алпи, Драган Михајлоски – Пижата, Наде Тоскоска. Останатите гости се од Грција, Србија, САД, Украина, Белорусија.

Скулпторот Андреј Митевски вели дека Прилеп е уметнички град, кој инспирира.

–  Арт метропола е по тоа што ги привлекува уметниците од целиот свет. Одлична е атмосферата за творештво – вели тој.

Пријатно чувство дели и Гркот Стратос.

Loading