Врелата Шпанија, живописната Малта или мистичната Португалија

1. Spanija e kombinacija za kompleten odmorШпанија, Малта или Португалија, дестинации за летување, кои, речиси од секој поглед, на секој чекор, оставаат без текст, од плажите, морето, ноќниот живот.

Страста на Шпанија

Врелината на шпанскиот темперамент и темпо се чувствуваат без оглед во кој дел од земјата престојувате. Годишно ја посетуваат повеќе од 50 милиони туристи. Зошто? Може да се летува на островот Мајорка. Доколку повеќе сакате градски одмор во комбинација со летување, одредиште може да биде познатото летувалиште Коста Брава, покрај Барселона. Ако сакате забава и нешто ново во Шпанија, исполнуваат некои многубројни излети и посети на значајните знаменитости. Ако се решите за Барселона, задолжително, преку ноќта одете на волшебните фонтани, каде ќе се запознаат најзначајните делови од Гаудија, ќе понудат преглед на секојдневниот живот на жителите на оваа медитеранска убавина.

При фламенгото и витешките игри се минуваат највозбудливите моменти на темпераментниот ноќен живот во Лорета Де Мар и Барселона. Во Фугиересо се открива фасцинантното животно дело на Салвадор Дали. Има и излети за Коста Бравоза дегустација на најдобрите шпански вина. Привлечен е и “Порт авентура”. Тоа е забавен парк со исклучителни атракции, познат како шпански “Дизниленд”. Може да се проба најголемиот ролер костер, да се стави на испит смелоста за возење со чамец низ водопади… Мераклиите на фудбалот можат да ги разгледаат музејот и трибините на најпознатиот и најубавиот светски стадион “Ноу Камп”.

Задоволство е прошетката по најпознатите диско-клубови во Лорета Де Мар со фантастична атмосфера – Тропикс, Холивуд, Универс, Мобис и сл.

2. Srceto na Mediteranot e MaltaМалта – архипелаг во центарот на Медитеранот

Во текот на бурната и долга историја, овој мал архипелаг играл главна улога во борбата за стекнување доминација на Средоземјето. Малта ја сочинуваат три каменити острови: Малта, Гозо и Комино и уште три помалку населени: Коминото, Свети Павле и Филфла.

Таа е во средиштето на Медитеранот, без ни една река, а станала историски значајна благодарение токму на својата географска положба меѓу Европа, Африка и Азија. Една е од најстарите населени места на планетава, а мегалитските градби чии остатоци уште постојат, се постари и од египетските пирамиди и од англискиот Стоунхенџ.

Крајбрежјето е разновидно. Се состои од заливи, сончеви плажи, карпести пештери и длабоки природни пристаништа. Всушност, сите туристички места се многу живи. Доколку се патува неколку километри во внатрешноста,  се причинува дека времето застанало. Туристите се запознаваат со разновидната култура на Малта, која датира со векови. Од барокните палати Вихена до мистериозните храмови Мнајдра и Хагар Куим, од римските вили во Рабат до кулата во Св. Луција, кулата-набљудувачка која датира од времето на витезите. Островот Гозо е сличен во историска смисла, но е многу помирен и поосамен. Кога ќе се спојат богатата историја и споменици од различни историски епохи со природната убавина на големиот остров Малта, помалиот Гозо и уште помалиот Комино, интересните градови, неколку убави плажи и неверојатно пријатна клима, се повеќе причини за одмор. Населението е многу отворено, срдечно и со опуштен однос кон животот. Англиски се зборува насекаде.

Можете да ги посетите и црквата на бродоломот Свети Павле и Вигнакорт кулата, изградена во 1610 година како одбрана на островот Малта. Реконструирана е 1970. Сега претставува музеј на воено-архитектонското наследство.

3. Raskosna istorija i priroda vo PortugalijaПортугалија – место на судир на цивилизации

Во составот на Португалија влегуваат два архипелага во Атлантикот – Азорските Острови и Мадеира островот. Португалија е место на проток на цивилизации низ 3.100 години. Оставале траги на културата поранешните народи, како Иберијците, Тартесијанците, Келтите, Фениќаните и Картагинците, Грците, Римјаните, Германите и Маорците. Името Португалија открива делови од раната историја. Потекнува од римското име Портус Кале, можна мешавина од грчки и латински имиња кои значат “Убаво Пристаниште”. Во 15 и 16 век, Португалија била главна економска, политичка и културна сила, а Португалската Империја се прострирала од Бразил до Индискиот Океан. Таа е популарна туристичка дестинација, земја на гостољубиви луѓе, незаразени со прекумерна вообразеност.

Најпопуларно туристичко одредиште е регионот Алгарве, поради чистите плажи и незагаденото море Престојот е релативно евтин и  безбеден. Жителите се љубезни и внимателни. Алгарве е богат со култура и нуди различни содржини, било да станува збор за забава и активен одмор, било да сакате мир и тишина. Закотвен е на југот од Португалија со преку 100 плажи. Постојат над 30 планински патеки за оние кои сакаат уживање во природата. Во регионот живеат помалку од 500 илјади жители, а секоја година туристите го зголемуваат овој број десет пати. Во Португалија, мора да се посети и главниот град Лисабон. Се наоѓа на крајбрежјето на Атлантикот, на устието на реката Тежо. Градот изобилува со убави градби од сите стилови, главно создадени по земјотресот од 1755 година. Центарот на градот е под заштита на Унеско. Лисабонската катедрала потекнува од 1147 година. Се издвојува и кулата Белем, која во чест на прекуморските откритија, меѓу 1515 и 1521 година, ја подигнал кралот Мауел I Португалски за да го брани лисабонското пристаниште. Има и бројни музеи. Се истакнуваат посветените на морињата и океаните. Градот има и опера.

Центарот е голема пешачка зона, а модерната, брза и евтина подземна железница, како и мрежата на трамваи и автобуси, го прават градот лесно достапен во било кој дел. Инфраструктурата е унапредена со новини како што е импресивниот мост Васко Де Гама преку реката Тагус, кој го поврзува градскиот аеродром со мрежата од национални патишта.  

Loading