Коча донел ориз од Кина во Кочани

Ziva istorija za seloto Marul - Tome VeljanovskiПред неколку илјади години кинеската култура и цивилизација била толку развиена и напредна, што í завидувале сите народи од останатиот свет, кои оделе да научат нешто од кинеската традиција. За да се заштитат Кинезите од странскиот наплив на гости и посетители и да го заштитат културниот развиток од нападите на разните тогашни варварски племиња кои живееле околу кинеската територија, на границата изѕидале заштитен ѕид, долг 2.500 километри, денес познат во светот под името Кинески ѕид.

Во Кина меѓу разните посетители од светот, од нашите краеви, од македонските племиња, отишол трговецот со име Коча. Тој сакал да донесе нешта што ги немало во нашите краишта. Шетал што шетал низ Кина и решил да донесе бело жито, ориз. Кинеските закони не дозволувале да се купува и да се пренесува земојделска култура надвор од граница, приведувајќи строга контрола и до смртна казна.

Трговецот го ризикувал животот. Му текнало и смислил како да го стори тоа. Купил од пазарот една жива гуска и едно кило жив, неварен ориз. Го товарил караванот и тргнал за дома. Во близина на кинеската граница, Коча гуската ја наранил. Всушност ја наполнил со живиот ориз. Откако минал кај обезбедувањето и граничарите, за да не почне оризот да се преварува во желудникот на гуската, Коча ја заклал и го извадил оризот од стомакот. Го исчистил, го измил, го исушил на сонцето, го спакувал, сокривајќи го во товарот и продолжил дома со караванот. При долгиот пат ги преживеал нападите од разните банди, кои ги ограбувале луѓето по патиштата. Кога стигнал во родното место, ја кажал радосната вест за тоа што донесол од Кина. Во негова чест, според неговото име, местото го завикале Кочани.

На оризот му одбрал место и го засадил. Начинот на одгледување го научил уште од Кина. Оризот растел успешно. Местото каде го насеал првиот ориз било денешното село Оризари, во близина на Кочани. Со времето, оризот се ширел на сите три страни и го зафатил целиот Балкански Полуостров. На Коча, поради ангажирањето и ризикувањето на животот, му останал историскиот спомен на денешниот македонски град, селото Оризари и оризот низ Балканот.

Томе Велјановски – Марулецот Гетеборг, Шведска.

Loading