Германците дадоа цистерна

Во Кривогаштани

Nova cisterna vo KrivogastaniЦистерна за подобрување на животот добија жителите на општината Кривогаштани од германската амбасада. Градоначалникот Тони Заткоски изрази благодарност, нагласувајќи дека донацијата ќе влијае на олеснување на извршувањето на комуналните услуги во оваа рурална средина. Донацијата од четири илјади евра ќе ја користи ЈП Пелагонија за услуги на населението без канализациска мрежа, со што ќе се намали загадувањето на животната средина.

На примопредавањето присуствуваше и  Д-р Кристине Алтхаузер, амбасадор на СР Германија во Скопје.

Loading