Нови 50 вработувања

I vo Slavej, fabrikaИндустриски капацитет за откуп, производство и преработка на замрзнат зеленчук и овошје на 6.000м2 почна да се гради во индустриската зона Славеј кај Кривогаштани. Инвестицијата е 1,5 милион евра, а ќе обезбеди 50 вработувања. Се очекува индиректно да се ангажирани и над 1.000 семејства како кооперанти.

– Се предвидува пласман на 5000 тони градинарски производи  годишно на странските, пред се, американските пазари. Тоа ќе биде полет за економски развој на регионот – вели градоначалникот Тони Заткоски.

На осумте хектари од зоната засега функционира еден индустриски објект. Во подготовка е и сточарска фарма.

Loading