Повратници за враќање во Прва лига

Фудбал

Победа ги засили редовите со шестмина повратници: бековите Талески (Гостивар), Котески (Кожуф Миравци), за врска Дунимаглоски (Напредок), Петрески (Пелистер), крилото Николоски (Силекс), а по година пауза се реактивира напаѓачот Гешоски. Сите се квалитетни, со прволигашко искуство. Се очекува доведување голман, стопер, шпиц… Остануваат речиси сите првотимци, заслужни за второлигашкиот статус, голманот Јованоски, стоперите Велјаноски и Ф. Мирчески, бековите Богоески и Николов, најискусните Мегленски и Аломеровиќ, за врска Карчески, шпицовите Д. Здравески, Шаркоски, И. Мирчески… Заминаа само Апостоловски, Колевски, Митревски и Ацески. Тренинзите од 12 јули продолжуваат во Банско.

Наскоро е ждрепката за 1/16 финалето од Купот и Втората лига.

Loading