Тренинг под рефлектори

Прилеп сити е како Манчестер сити

Не само по додавката во името, туку и по однесувањето, обновениот фудбалки клуб Прилеп сити има сличности со Манчестер сити. Летово екипата на Коста Мирчески бега од горештините и одржува тренинг и контролни мечеви во вечерните термини. Прво во Тополчани под рефлектори со 3-2 беше совладан домашниот истоимен тим, некогашен третолигаш. Потоа во замена за реванш, два тима од “граѓаните” под вештачко светло меѓу себе одиграа тренинг меч на Могила. На истото место и навечер е наредниот пријателски дуел со Силјан Штркот од Мало Коњари.

Прилеп сити ќе учествува во Б лигата на ОФС.

Loading