Гласот на Ирена Крстеска блесна во Виена

Krsteska so Marko Askani od Italija vo operataНашата оперска певица Ирена Крстеска, која живее и работи во Виена, блесна во операта “Така прават сите” од Моцарт на сцената на театарот “Спектакл” во Виена.

Улогата била најтешка во колекцијата на моцартовите опери.

– Отпеав со искрен жар, таму каде што е напишана, во срцето на  Виена. Следуваа насмевнати ликови кои ја топлеа душата – вели Крстеска.

Ќе пее и во операта “Разделба”, од Трајко Прокопиев, чија премиера во Виена е планирана наесен, како и улогите во оперите “Студентски просјак” и “Војвотката на чардашот”.

Loading