Талески со олимписка норма

Атлетика

Odlicni atleticari - Davor Taleski i Tome StojanoskiМладиот Давор Талески од Здружението на глуви и наглуви лица, блесна на Државното атлетско првенство во Охрид. Освои златни медали во три дисциплини, спринт на 100 и 200 метри и скок во далечина. “Прелетаните” 4 метри и 55 сантиметри значат исполнета олимписка норма и тој е потенцијален учесник на наредната олимпијада за оваа група на спортисти.

Одличен резултат постигна и клупскиот другар Томе Стојаноски. Истакнатиот фудбалер се покажа со златни медали и во фрлачките дисциплини диск, копје и ѓуле, со кое посебно беше успешен и го фрли 6 метри и 83 сантиметри. Екипата на Прилеп генерално го освои шампионското место.

Loading