Фантастични акробации

Моделарство: Државен шампионат

Vrven sportski natprevar- ucesnicite na sampionatotВо организација на ВФМ и Здружението за воздухопловни спортови “Фил феникс” на спортскиот аеродром се одржа државниот шампионат во радиоуправувани модели на авиони, моторни едрилици и хеликоптери. Успешно се имплементирани високите стандарди што овозможија учесниците да ги покажат знаењата и врвните квалитети во пилотирањето со радиоуправуваните воздухоплови со поддршка на искусниот кадар, воден од директорот Здравко Тодороски, па на сончевото и мирно време, како и на одличните просторни услови.

На дело се покажаа најдобрите пилоти од Скопје, Кавадарци, Битола, Охрид и Прилеп. Постигнатите резултати донесоа бодови, а фантастичните акробации за кои досега теоријата кажуваше дека се невозможни, ги воодушевија стручните лица и публиката. Тоа е потврда дека земјава има врвни воздухопловни спортисти. Второ место освои Фан продукција Прилеп.

Следен настан се светските купови во септември.

Loading