Да подадеме рака
едни на други да си помогнеме
и во дружба да се сплотиме.
Сите наши раце на едно да ги ставиме
и заедно “Ура” да извикаме,
за пријателството и единството да прославиме
и со насмевки и среќа да се наградиме.
Со срца – големи и мали,
со насмевки – среќни и тажни,
со раце – црни и бели.
Но, човечката доброта не знае за разлики,
ни за тага, ни за војни,
оти големото срце, на добрината рака í подава
в прегратка среќата ја сплотува,
војните никако не ги признава,
непријателите ги смирува
а детските игри ги обожува.
Кој си подава рака,
не знае што е тоа мака.
Подадената рака значи и помош,
среќа кога ни е најтешко,
таа смирува, таа разнежнува.
Колку повеќе подадени раце,
толку повеќе среќни луѓе,
а уште повеќе мир.
Верувајте ми,
подадената рака го стопува и најтврдокорното срце,
мами насмевка и кај најтажниот човек,
го осветлува животот,
им помага и на болните, и на изнемоштените,
и на децата, и на постарите.
Секој пат кога ќе ти подадам рака,
моето срце пред тебе го отворам,
помош сакам да ти понудам,
со насмевка да те почестам,
среќа да ти донесам.
Ајде сите заедно,
големи и мали,
деца и стари,
рака едни со други да си подадеме,
и добро да направиме,
грижа еден за друг да покажеме,
среќа да разнесеме,
добрината во душа да ни царува,
и да не дозоволиме злото да не покорува.
Оти подадената рака живот значи!
Афродита Најдоска, 7-4 одд. во ОУ “Добре Јованоски”