Соработка со бугарска гимназија

СОУ Кузман Јосифоски – Питу   

Bugarite vooduseveni od posetata na ekonomskoВо СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” на тридневна посета наврати група ученици од професионалната гимназија по селско стопанство од градот Лукавик, Бугарија. “Виновен” за новото партнерство е тимот на професорката Јасминка Димовска. Патиштата им се споиле на Меѓународниот натпревар на екологисти во Сандански, каде двете училишта се закитиле со медали. Импресиите од презентациите и комуникацијата создале можност за соработка. Театарскиот фестивал беше повод за откривање на допирни точки за поврзување и подготовка на заеднички проекти во економијата.

– Подолго време имавме желба да оствариме партнерство со училиште од друга страна. Оваа соработка се создаде случајно. Воодушевена сум од пречекот и градот. Се надеваме дека несекојдевното дружење ќе резултира со успешни односи и ефекти  – вели Румјана Ѓорѓиева, директорка на бугарската гимназија.

Школската година заврши, но учениците сакаа да се дружат. Бугарите беа презадоволни од топлото добредојде, гостопримството и вниманието со кои ги почестија економистите, домаќини, покажувајќи се не само како колеги, туку и како пријатели. За кратко време гостите “собраа” многу впечатоци и очекуваат возвратна посета во октомври.

Vrednite ekologisti - 3-1klas od SOU 'Kuzman Josifoski - Pitu'Торта за собрани батерии

Во акцијата за собирање на отпадни батерии, “Го грин”, во која  учествуваа сите основни и средни училишта, СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” собра десетина килограми батерии. Најголем придонес имаа учениците од 3-1 клас, кои со собраните 4,25 килограми, се засладија со награда торта. Не е за потценување ангажираноста на другите класови, заедно покажувајќи дека се најеколошкото училиште во земјава. Тие испратија порака за одговорност, упорност и истрајност во заштитата на околината.

Loading