Лаври за Електра и специјална награда за нашиот ансамбл

Претставата Електра на ансамблот на МНТ од Скопје е најуспешно уметничко остварување во целина на 50. издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. Наградата за режија отиде во рацете на режисерот Андриј Жолдак. Актерката на МНТ, Дарија Ризова, ја понесе наградата за главна женска улога. И признанието за млад актер “Трајко Чоревски”, жирито оцени дека треба да му припадне на Александар Ѓорѓиоски за улогата во Електра, а неговата колешка Ѕвездана Ангеловска имаше најуспешна женска епизодна улога. Награда за главна машка улога доби Адем Карага со играта во Предавање на албанскиот театар од Скопје.

Жирито, во состав, Ѓорѓи Јолевски, Тони Михајлоски и Илбер Муртези го закити прилепскиот театар со специјалната награда за колективна игра и осовременување на класиката за претставата Сон на летната ноќ во режија на Нела Витошевиќ. Благица Секуловска ја однесе наградата за текст во претставата Безљубни на Драмскиот театар од Скопје. Елена Прокопева од Театарот Комедија замина од Прилеп со награда за кореографија и сценски движења за претставата Многу врева за ништо.

Јолевски обасјни дека Електра ја натежнала сложеноста, возбудливоста и есејската издржливост.

На МТФ се промовира Монографијата за 50-годишниот јубилеј, подготвена од д-р Јелена Лужина.

Loading