Учениците од двете основни училишта од Кривогаштани, го искористија убавото време за прошетка низ Охрид и Битола. Еднодневната екскурузија е награда, освоена на манифестацијата Прочкарска смеа. Немаше крај на детската радост. Уживајќи во разгледувањето на убавините на овие градови, ветија дека в година ќе создадат инвентивни маски да се почестат со уште некое патување.