Наставници на излет

ОУ Гоце Делчев

Na Pelister kolegite od OU 'Goce Delcev'Успешната учебна година, тимот на ОУ Гоце Делчев ја круниса со дружење на излетничко место. Како едно од трите најдобри училишта во државава, прославувајќи го четиридеценискиот празник од работењето, наставниците се прошетаа до Молика на Пелистер. Преку колегијално дружење минаа прекрасен ден надвор од училишните катедри. Се “надишија” воздух зачинет со аромата на моликата, ја посетија патеката со историски поставки од Првата светска војна и шетнаа и по Широк сокак.

Колегијалните екскурзии, организирани по завршувањето на главните обврски, веќе деветта година се традиција за гоцеделчевци. Училиштето претставува пример за градење на пријатна работна клима. 

Loading