Што натаму?

Жени

Никако да се среди женскиот ракомет. Единствената сениорска екипа од Ж. Прилеп неславно го заврши првенството во Супер лигата, не отпатува во последното коло кај Металург во Скопје. Ракометната федерација одреди исклучување од лигата, плус парична казна од 30 илјади денари. Штета е неодигрувањето на мечот, бидејќи тимот немаше големи амбиции, ниту шанси за опстанок и избегнување на последното место. Единствениот мотив беше шансата за настап на ракометарките во лигата. Нејасно е што понатаму? Добро е Ж. Прилеп да учествува во подолниот, прволигашки ранг и да не згасне клубот. Овој спорт има длабоки корени и традиција. И сега огромен е интересот за ракомет кај девојчињата.

И на Федерацијата не треба да í е сеедно, зошто тешко ќе ја состави наредната Супер лига со шест екипи.

Loading