Се токми пивска треска

Na zdraje za PivogfestБогата програма на четирите фестивалски денови ќе има на годинешниот Фестивал на пивото. За забавата да тргне со висок набој од 16 сé до 19 јули ќе се погрижат водителите Маријана Стојановска и Жарко Димитриоски. Градот ќе биде престолнина на пивото и дневно-ноќната еуфорија за сите генерациски вкусови.

Во четвртокот на 16-ти, ќе ги забавуваат Слаткаристика, Љубојна, Саша Ковачевиќ, DJ Славе, Мето, Мартин и Синиша. Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште ќе ја запалат атмосферата в петок, на 17 јули. Саботата, 18 јули, е резервирана за македонскиот фолк изведувач Наум Петрески, па легендите на Ју музиката, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ, а круна на пивската треска в недела ќе стават Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.

За младите е организиран бесплатен камп  на Могилата. Гостите на утро ќе добиваат чорба и кафе за будење. 

Loading